Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска гостува во Прага против селекцијата на Украина, а натпреварот е закажан за 15 часот во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП).
Македонија во првиот меч прокоцка водство од 2-0 против Украина и загуби со 2-3, а овој пат фудбалерите и селекторот Благоја Милевски најавуваат поинаков меч и напад на трите бода.
„Очекувам отворен натпревар од двете страни затоа што ни одговара само победа со која ќе останеме во трка за втората позиција во групата“, кажа Милевски.
Англија е лидер во групата со 13 бодови, по што следат Италија, Украина и Македонија со по седум бода.