Македонија се измачи за триумф: Миовски ги потопи Фарски острови (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските фудбалери вечерва триумфираа со 1-0 против Фарски острови во пријателскиот меч во Скопје, откако голот за победа го постигна Бојан Миовски.

Македонија имаше две големи шанси во првиот дел, кои не ги искористи, односно Алиоски ја погоди пречката, а Етеми успеа да ја затресе мрежата на гостите, по што судијата покажа офсајд.

Избраниците на Благоја Милевски напаѓаа и во вториот дел, но Фарски острови одлично се бранеа, а единствениот гол беше постигнат преку Миовски во 81. минута.