Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација загуби и по вторпат на Европското првенство (ЕП) во ракомет, откако од нашите ракометари подобра беше Црна Гора со 28-24.
Црногорците играа одлично уште од самиот почеток на натпреварот и имаа најпрво водство од 3-0, по што предноста стигна до пет гола (8-3).
Македонија почна да се буди во завршницата на првото полувреме и намали на само еден гол негатива пред одморот (16-17).
Нашите ракометари на стартот на второто полувреме стигнаа до 17-17 и најавија дека може да се борат за победата, но сепак големиот број на грешки скапо нè чинеше.
Во последните минути од натпреварот Македонија не можеше никако да постигне гол поради одличниот голман Небојша Симиќ, а потоа Црна Гора рутински даваше голови, иако Никола Митревски имаше неколку фантастични интервенции.
Митревски беше одличен на нашиот гол со 11 одбрани, додека Мартин Томовски во првото полувреме запиша шест интервенции, меѓутоа лошата игра во нападот беше причина за поразот од Црна Гора.