Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонските репрезентативци вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ ја пречекуваат Словенија во важниот меч од квалификациите за Евро 2020.
Селекторот Игор Ангеловски избра двајца нови фудбалери во екипата, а формацијата останува иста, односно 3-5-2.
Столе Димитриевски е на голот, а во одбраната се Ристовски, Висар Муслиу и Кире Ристовски, додека во средината ќе бидат Николов, Стефан Спировски, Езгјан Алиоски, Аријан Адеми и Елиф Елмас. А во нападот на Македонија ќе настапат Горан Пандев и Илија Несторовски од првата минута.
Македонија во моментов има осум бода по шест одиграни кола во квалификациите, додека Словенија има 11.