Македонија со една измена ќе ја нападне Литванија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонија денеска ќе се соочи против Литванија во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а селекторот Кире Лазаров реши да направи една измена.

Мартин Томовски нема да игра на дуелот против Литванија, додека на негово место се најде талентираниот голман Иван Галевски од Алкалоид.

Галевски не играше на минатиот меч против Естонија, но сега ќе добие шанса меѓу стативите на Македонија.

Дуелот меѓу Македонија и Литванија се игра со почеток од 17 часот.