Македонија со головите на Миовски и Алими го освои Ереван


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација славеше со 2-0 против Ерменија во мечот од четвртото коло во Лигата на нации.

Серафимов ја затресе мрежата на домаќинот во шестата минута, но голот беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд.

Македонија конечно до водство стигна со прекрасен гол на Миовски во 72. минута, а потоа Алими во 85. минута стрелаше за конечни 2-0.

Нашите репрезентативци се први во групата 4 од Ц-дивизија со 10 бодови, по што следи Ерменија со четири, Летонија со три и Фарски Острови со два бода.