Македонија со Манасков ќе ја нападне Турција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонските ракометари ги почнаа квалификациите за Европското првенство во 2024 година со убедлива победа против Луксембург, а утре ќе се соочат против Турција од 16.00 часот.

Турците беа декласирани во првото коло од Португалија, но селекторот Кире Лазаров предупреди дека нè очекува тежок натпреварот затоа што се враќаат неколку ракометари во составот на следниот ривал.

Лазаров на располагање за натпреварот има 17 ракометари, а во селекцијата се враќа Дејан Манасков, кој го пропушти дуелот против Луксембург поради повреда.

Овој пат на списокот на Лазаров немаше место за Марко Кизиќ, Марко Стојковиќ и Петар Атанасијевиќ, а во селекцијата се враќат и Мартин Томовски, Михајло Младеновиќ и Костадин Петров.