Македонија со нов напредок на ФИФА-листата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Октомврискиот циклус и трите натпревари донесоа напредок на Македонија на најновата ФИФА ранг листа.

Македонија во трите натпревари во само седум дена го победи Косово за финале во баражот за ЕП, додека против Естонија и Грузија одигравме нерешено. Против Естонците на гости резултатот беше 3:3, а дома против Грузија 1:1.

Ваквите резултати ни донесоа скок од едно место, па сега смеа на 65. позиција со 1356 бодови.

Едно место пред нас е Црна Гора, додека Бугарија се најде позиција подоле откако на оваа листа падна за шест места.

На врвот нема промени и на првите пет позиции се: Белгија, Франција, Бразил, Англија и Португалија.