Македонија со победа ја почна новата авантура во Лигата на нациите (Видео)


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија славеше со 2:1 против слекцијата на Ерменија.

Во еден не толку интересен натпревар за гледање сите голови паднаа од белата точка, а Македонија поведе уште на стартот на натпреварот кога сигурен реализатор беше Џани Алиоски.

Подоцна во првиот дел уште еден пенал искористи Илија Несторовски кој зголеми на 2:0.

Треба да се напомене дека двата пенали ги изнуди фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас.

Конечниот резултат на средбата го постигна поранешниот играч на Вардар, Тигран Барсегјан кој погоди во последните моменти од натпреварот.