Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација со пораз од 29-39 од Франција го почна настапот на Европското првенство (ЕП) во Германија.
Македонија играше добро на почетокот на натпреварот, па дури имаше и водство од два гола (10-8), а парираше сè до 20. минута, кога Франција влезе во ритам и ги искористи грешките на македонските ракометари за водство од 17-13 на полувреме.
Иако голманот Никола Митревски беше расположен и во второто полувреме, сепак грешките во нападот продолжија, а тоа ѝ овозможи на Франција постојано да го зголемува водството до конечни 29-39.
Македонија следниот меч го игра против Германија на 14 јануари, а два дена подоцна против Швајцарија.