Македонија со пресврт ја победи Црна Гора и се искачи на прво место!


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Македонија ја запиша втората победа во квалификациите за првенството во 2021 година до 21 година. Избраниците на селекторот Боби Милевски тргнаа многу лошо, па први примија погодок, но потоа со пресврт славеа со 2-1.

Скендеровиќ ја погоди мрежата на македонскиот тим во десетата минута, но четири минути подоцна Атанасов израмни на 1-1.

Во 33. Минута Македонија доби шанса од пенал да направи целосен пресврт, па Атанасов со својот втор гол погоди за 2-1.

Во продолжение од мечот Македонија мудро го чуваше водството против Црна Гора во Подгорица, а на крајот успеа да слави со 2-1 и така се искачи на првото место на табелата.

Фото: ФФМ