Македонија со симулација ја „дозна“ групата за квалификациите за СП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација на 7 декември ќе ги дознае противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во Катар.

Македонија не може да игра во квалификациите против Словенија, Црна Гора, Бугарија, Албан ија, Белорусија, Израел и Грузија затоа што се наоѓаат во четвртиот „шешир“.

На социјалните мрежи беше направена симулација на ждрепката за квалификациите за СП, па Македонија ги „дозна“ противниците, а тоа се Холандија, Велс, Унгарија, Казахстан и Гибралтар.

Секако, ова не се вистинските групи за квалификации за СП, туку ждрепката ќе се одржи на 7 декември, кога Македонија ќе дознае против кого ќе игра во групната фаза.