Македонија со триумф над Ј. Кореја го освои 27. место на СП

Македонските ракометари го освоија 27. место на Светското првенство (СП) во ракомет, откако денеска беа подобри од Јужна Кореја со 36-33.

Македонија играше добро во првите 20 минути и имаше водство од 17-11, но потоа почнаа проблемите во екипата на Кире Лазаров.

Ј. Кореја со серија од 6-1 набрзо намали на 19-20 на полувремето, по што стигнаа и до пресврт од 26-25 во вториот дел, но Македонија не се предаваше до крајот.

Неизвесноста траеше до 52. минута, по што Македонија ја презема контролата и на крајот го освои 27. место на СП.