Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација денеска од 18.30 часот ќе се соочи против Швајцарија во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 година.
Македонија во првиот меч ја совлада Финска со убедливи 33-24, но сега на ракометарите им претстои сериозен испит против Швајцарија, која не се прослави против Данска и беше поразена во првото коло.
Токму двомечот со Швајцарците многу веројатно ќе одлучува кој ќе биде вториот патник од нашата група на континенталниот собир во 2021 година затоа мотивот денес треба да биде на највисоко ниво.
Македонскиот селектор Данило Брестовац нема да може да смета на Дејан Манасков, кој остана во Скопје, односно не можеше да патува во Швајцарија поради протоколите на ковид-19, а него треба да го замени Бојан Маџовски од Еурофарм Пелистер.
Македонската спортска јавност покрај стандардните Стоилов, Пешевски, Лазаров, Талески…Очекува да го види и Дарко Георгиевски. Георгиевски доби 15-тина минути против Финска и постигна три гола од три обиди и покажа дека може да биде вистинско освежување. Затоа ќе биде интересно да се види ако добие шанса како ќе се снајде и против Швајцарија.