Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди има позитивен тест на ковид-19 и тоа е голем проблем за македонската фудбалска репрезентација која од денеска ги почнува подготовките за настапот на Европското првенство (ЕП0.
Селекторот Игор Ангеловски на стартот на подготовките нема да смета на Горан Пандев и Аријан Адеми, кои добија дополнителен одмор, но дополнителен проблем е позитивниот тест на Барди.
Оваа информација доаѓа откако Барди бил во контакт со двајца фудбалери на Леванте, кои биле позитивни на ковид-19. Сепак, добра вест е тоа што македонскиот репрезентативец не бил во контакт со останатите играчи, а притоа се наоѓа во добра здравствена состојба и без симптоми.