Македонија во проблеми пред дуелите со Финска и Швајцарија: Tројца ракометари имаат ковид-19!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација се најде во проблеми пред натпреварите против Финска и Швајцарија, откако денеска беше објавено дека тројца ракометари се позитивни на ковид-19, а освен играчите, има заразени и меѓу членовите на стручниот штаб.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави дека Марио Танкоски, Мартин Велковски, Мартин Поповски, Александар Царчев, Никола Матлиески и Раде Стојановиќ се позитивни на вирусот.

Македонскиот селектор Данило Брестовац го повика Гоце Георгиевски, кој ќе биде алтернативно решение за Поповски, а засега не е познато дали ќе бидат повикани и други ракометари.