Македонија во Виена ќе ги добие противниците во квалификациите за ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација ја очекува двомеч против Чешка за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година, но денеска во Виена ќе бидат извлечени и ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Македонија е сместена во вториот „шешир“, а тоа значи дека нема да играме сигурно против Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија и Украина, кои се во него.

На ЕП ќе се пласираат првите две екипи, како и четирите од осум најдобри третопласирани тимови во групната фаза.

Ждрепката е закажана за 18 часот во Виена, а натпреварите ќе се играат од октомври 2022 до април 2023 година.