Македонија за историскиот меч против Грузија ќе добие засилување од МЛС-лигата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација следниот месец го игра историското финале против Грузија во баражот за пласман на Европското првенство, а би можела и да добие големо засилување од МЛС-лигата.

Станува збор за Даниел Мусовски, кој има македонски корени и игра одлично за екипата на Лос Анџелес, па без сомнеж ќе биде квалитетно засилување во нападот на Македонија.

„Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција“, кажа Ангеловски.