Македонија забележа скок од две места на ФИФА-листата


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Македонската репрезентација направи скок од две места на ФИФА-листата, па сега се наоѓа на 69. место, додека на врвот останува Белгија, а по неа следуваат Франција и Бразил во топ 3.

Македонските фудбалери забележаа добри резултати со Израел и Летонија, односно реми и победа, па тоа ни донесе скок на табелата, па така Македнија сега има 1.339 поени.

Во нашата група за квалификациите за Евро 2020, Полска е најдобро рангирана, односно се наоѓа на 22. место, по неа следуваат Австрија на 27 и Словенија на 58. позиција. А зад нас се Израел на 86. место и Летонија на 139. место.

Да потсетиме, Белгија е на врвот, а по неа следуваат Франција, Бразил, Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина.