Македонија ѝ одржа лекција на Турција за „два од два“ во квалификациите за ЕП

Македонските ракометари ја запишаа втората победа во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година, откако на гостувањето во Турција беа подобри со 36-27.

Македонија играше одлично од самиот почеток на мечот, па така Турците го постигнаа првиот гол по дури 14 минути игра за 1-9, по што ракометарите на Кире Лазаров ја одржуваа предноста и на полувремето заминаа со 17-8.

Турција неколку пати успеа да ја намали негативата во вториот дел, но само до седум гола (17-25), по што продолжи доминацијата на Македонија за триумф од 36-27.

Најдобар стрелец за Македонија беше Филип Талески со седум голови, додека Манасков додаде пет гола.