До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна противниците за претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи од 3 до 20 декември оваа година.
На ждрепката беше одредено дека Македонија ќе настапи во групата Б, каде ќе се соочи со селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Клуж-Напока.
Шампионатот започнува на 3 декември, додека големото финале е закажано за 20 декември.















