„Македонката“ Халеп го остави рекетот и стана – молер! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобрата тенисерка од Романија, која има македонско потекло, Симона Халеп се наоѓа во САД, каде што се подготвува за настап на Мајами Опен.

Турнирот во Мајами се игра од 22 март до 3 април, а во меѓувреме Халеп реши да помогне на една невладина организација за реновирање на домови.

Шампионката на Ролан Гарос и Вимблдон го остави тенискиот рекет и реши да стане молер, односно да ѝ помогне на организацијата, а притоа на акцијата се приклучија и Каспер Руд и Фабио Фоњини.

Халеп со насмевка на лицето учествуваше во реновирањето на домовите, а сега ќе се посвети на турнирот кој ќе се обиде да го освои, затоа што е втора фаворитка во Мајами.