„Македонката“ Халеп ќе докажува дека е невина за допинг-скандалот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Романската тенисерка со македонско потекло, Симона Халеп треба да се појави пред Судот за спортска арбитража во Лозана за да поднесе жалба поради четиригодишната суспензија откако беше позитивна на допинг.

Халеп на Ју-Ес Опен во 2022 година беше позитивна на забранета супстанца, а потоа во мај 2023 година беше изречена суспензијата.

„Не може да се даде сигнал кога ќе биде донесена конечната одлука“, соопшти Судот од Лозана.

Романката во 2018 година го освои Ролан Гарос, а потоа и Вимблдон, а беше и прва тенисерка на ВТА-листата.