Македонска доминација на ЕП: Ѓорѓиев втор ден по ред е играч на денот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот капитен Никола Ѓорѓиев беше избран од Европската одбојкарска репрезентација (ЦЕВ) за играч на денот.

Капитенот ја предводеше македонската репрезентација до убедлив триумф против домаќинот СЛовенија со 3-1 во сетови, а притоа постигна 24 поени.

Ѓорѓиев не за џабе важи за најдобар македонски одбојкар, бидејќи капитенот одигра одличен меч и против Белорусија, против која постигна неверојатни 37 поени.

Македонија е на чекор до осминафинале, но уште нема обезбедено пласман во таа фаза, зашто денеска мора да навиваме за победа на Турција против Финска, инаку во спротивно македонските одбојкари нема да обезбедат пласман понатаму, иако извојуваа голема победа против Словенија.