Македонската колонија во АЕК се зголемува: Спировски ќе им се приклучи на Тричковски и Мојсов


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските репрезентативци Иван Тричковски и Даниел Мојсов наскоро ќе добијат друштво од татковината во АЕК Ларнака .

Стефан Спировски ќе настапува за АЕК во следните две години, а наскоро се очекува комплетирање на трансферот на македонскиот фудбалер.

АЕК го очекува македонскиот фудбалер да пристигне во Кипар, каде што мора да ги мине медицинските прегледи и потоа да потпише оговор.

Спировски неодамна остана без договор со Хапоел Тел Авив, но не чекаше премногу пред да најде нов тим каде што ќе настапува во иднина.

Тричковски и Мојсов се важни фудбалери за АЕК, па нема сомнеж дека со Спировски ќе бидат фантастично трио.