Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот стратег Влатко Андоновски ќе се бори со уште двајца тренери за да стане селектор на женската фудбалска репрезентација на САД.
Американските медиуми пишуваат дека македонскиот стратег бил главен кандидат, зашто тој бил избор на фудбалерките, а Андоновски е познат по тоа што има одличен однос со неговите фудбалерки.
Андоновски почна како асистент во 2010 година во Канзас Сити кометс, а потоа стана тренер на екипата во 2013 година, кадешто освои две титули, а од 2018 година работи во Реин.
Македонскиот тренер за тренерската позиција ќе се бори со Ерик Волш Дамбах и Лора Харви, а наскоро ќе дознаеме дали ќе добие голема чест и ќе го преземе кормилото на женската фудбалска репрезентација на САД.