До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонската женска репрезентација триумфира со 3-0 против Азербејџан во второто коло од квалификациите за Светското првенство (СП).
Фудбалерките доминираа на натпреварот во Битола и го отворија резултатот преку Теона Галабовска по 17 минути игра. Само три минути подоцна Симона Мејер зголеми на 2-0, додека талентираната Меланија Грозданова со прекрасен гол ги постави конечните 3-0 во 83. минута.
Македонија во следното коло, на 14 април, ќе игра против Унгарија.
















