До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонската женска фудбалска репрезентација со пораз ги отвори квалификациите од Лига Ц за пласман на Светското првенство, откако на гостувањето во Баку загуби од Азербејџан со 2-0.
Избраничките на селекторот имаа свои моменти во првото полувреме, кога се заканија преку Александра Марковска и Симона Мејер, но недостасуваше завршница за да се промени резултатот. Промашувањата беа казнети во 28. минута, кога Јафарзаде ја искористи една од шансите на домаќинот и донесе предност од 1-0.
Во продолжението Македонија се обиде да се врати во игра, но Азербејџан успеа повторно да ја затресе мрежата. Во 78. минута Јафарзаде по вторпат се запиша во листата на стрелци, поставувајќи ги конечните 2-0.
Фото: ФФМ
















