Македонските футсалци вечерва ги почнуваат квалификациите за СП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската футсал репрезентација вечерва од 20 часот ќе ги почне квалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во 2020 година.

Македонците најпрво ќе се соочат со Словенија од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“, а во нашата група се уште Косово и Украина.

Најголем фаворит за првата позиција во групата е Украина, додека Македонија ќе се бори за второто место, кое обезбедува пласман во главната фаза на Мундијалот следната година.

Влезниците се продаваат пред билетарата до малата сала, а цената изнесува 100 денари.

Македонскиот капитен Зоран Левески најави добра игра и побара трпеливост од соиграчите во мечот против Словенија.

„Свесни сме за тоа каков натпревар очекуваме вечерва против Словенија. Работевме напорно и ќе се обидеме да извлечеме позитивен резултат“, вели Левески.

Фото: ФФМ