Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонските навивачи ги пречекаа фудбалските херои кои пристигнаа на плоштадот Македонија, каде што ги поздравија со патриотски песни и овации.
Фудбалерите излегоа пред навивачите, по што ги поздравија своите фанови кои будно го следеа нивниот настап против Италија (1-0) во Палермо.
Капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски излезе пред навивачите и кажа дека ќе дадат максимум во последниот меч од баражот.
„Имаме уште еден меч до крајот, ќе дадеме максиум на него“, кажа Ристовски.