Македонските клубови од следната недела ќе почнат со тренинзи!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонските клубови од понеделник ќе почнат со тренинзи и ќе почнат да се подготвуваат за продолжение на сезоната, барем така кажа министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче.

Филипче на прес-конференцијата кажа дека мерките ќе почнат да се олабавуваат, а тоа е добра вест за македонските тимови, кои едвај чекаа да се вратат на тренинг.

„Следната недела се враќаат тренинзите на клубовите, додека неделава ќе може да се тренира индивидуално“, кажа Филипче на прес-конференцијата.