Македонските ракометарки ќе играат за Кочани – приходот од билетите за мечот со Полска ќе се донира!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација го очекува важен дуел против селекцијата на Полска, во рамки на баражот за пласман на Светското првенство 2025.

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи дека приходот од продажбата на влезниците – симболично по цена од 100 денари – целосно ќе биде наменет за помош на жртвите и погодените од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Хуманитарниот натпревар ќе се одржи на 12 април (сабота) во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.