Македонските тимови ги дознаа можните противници во европските купови


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Четири македонски тимови ќе настапат во европските купови оваа сезона, односно еден во квалификациите на Лигата на шампиони (ЛШ), а другите три во Конференциската лига на УЕФА.

Струга Трим Љум ќе биде единствен претставник на Македонија во ЛШ, а можни ривали му се Ференцварош, Лудогорец, Жалгирис, Шамрок и ТНС. Ждрепката ќе се одржи во 14 часот.

Шкупи е носител во Конференциската лига и можни противници му се Дукаѓини, Паиде, Сент Патрик, Гленторан, Хегелман и Пенубонт. Додека Шкендија може да се соочи со Дере Сити, Жилина, Хака, Викингур или Хавервордвест.

Македонија Ѓорче Петров не е носител и можни противници ѝ се Пјуник, РФС Рига, Дунајска Стреда, Тобол и Милсами. Ждрепката ќе се одржи во 15 часот.