Македонските тимови во квалификациите за ЛШ и Лига Европа ќе играат во Кипар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите од регионот пишуваат дека Европската фудбалска унија (УЕФА) сака да ги премести квалификациите за Лигата на шампиони и Лига Европа во Кипар.

Според првите информации, учесниците во европските натпреварувања од Балканот, меѓу кои се и четири екипи од Македонија, Силекс, Шкендија, Ренова и Шкупи, најверојатно ќе настапуваат во Кипар каде што би ги играле квалификациите.

Истото треба да им се случи и на остантите клубови од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, но претходно треба УЕФА да објави официјално соопштение дека квалификациите ги сели во Кипар.

Во секој случај, ако не се преселат натпреварувањата во Кипар, тогаш најверојатно на стадионите во сите земји нема да бидат дозволени присуства на навивачи поради вирусот.