Макелеле најде квалитетен фудбалер: Челси се засилува со „анонимус“ од Серија А


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Клубот од „Стемфорд бриџ“ не беше активен во текот на летниот преоден рок поради суспензија. Сепак, Челси на стартот на сезоната играат многу добро, па по осум одигрнаи кола се на шесто место со 14 бодови.

Франк Лампард одлично го предводи подмладениот тим, па може да се каже дека прави целосен ремонт на клубот со фудбалери како Мејсон Маунт и Тами Абрахам

Англискиот гигант наредното лето ќе може да се засилува, а според италијанските медиуми веќе одбрал засилување од Серија А.

Станува збор за Руслан Малиновски од Аталанта. Украинецот пристигна во Италија на средината на јули од Генк, а Аталанта го плати околу 15 милиони евра.

Директорот на Челси, Клод Макелеле го следеше Украинецот во текот на мечот меѓу Украина и Португалија, па беше воодушевен со неговата игра.