До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Пеп Гвардиола и Манчестер Сити ќе се соочат со многубројни проблеми во следниот период.
Ремито со Челси и -6 во однос на Арсенал не е единствената лоша вест, бидејќи на листата на повредени сега се и Јошко Гвардиол и Рубен Дијаш. Ситуацијата е многу полоша кај Гвардиол, се стравува дека се работи за предна вкрстена лигаменти, но денешните прегледи ќе го утврдат степенот на повредата. Јасно е дека и Гвардиол и Дијаш мора да направат пауза, така што Пеп сега не може да смета на дури девет играчи.
Џон Стоунс е одамна повреден, исто како и Матео Ковачиќ, а од неодамна се повредени и Оскар Боб, Савинјо и Нико Гонзалес. На тоа треба да се додаде дека Омар Мармуш и Рајан Аит-Нури сè уште се на Африканскиот куп на нации, така што Пеп тешко ќе состави конкурентен тим во наредниот период.
Знае се дека Антоан Семенјо наскоро официјално ќе дојде, но е јасно дека Сити ќе мора на пазарот за да побара и дефанзивец. Марк Гуеи од Кристал Палас одамна е мета, бидејќи на лето станува слободен играч, па Сити во јануари може да го донесе за „сиће“.
За сега, Пеп може да смета само на Нејтан Аке, додека нема голема доверба во Абдукодир Хусанов, кој исто така беше повреден, а при враќањето најчесто седеше на клупата.
















