Маките на Реал Мадрид: Две засилувања би го решиле проблемот, за Јовиќ се гледа крајот на тунелот?


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Реал Мадрид го одигра најлошиот натпревар во сезоната, па останаа први поради гол-разликата, но боли поразот од Еспањол, кој ги покажа сите слабости на екипата на Карло Анчелоти.

Начо и Милитао одиграа лош натпревар, а кога Алаба игра лево како во Каталонија, дупката во одбрана е голема. Ниту Лукас Васкез не се прослави, па очигледно има многу проблеми поради повредата на Карвахал.

Медиумите сметаат дека е потребен стопер, а се шпекулира дека Тони Рудигер ќе ги реши проблемите во Мадрид, ако пристигне бесплатно во екипата.

Никој освен Карим Бензема не се прослави на теренот, иако „АС“ пишува дека Лука Јовиќ одиграл добар натпревар и асистираше за голот.

Навивачите ги грижи и тоа што Винисиус Жуниор е во пад на форма, па сега се шпекулира и за решение во нападот за да се намали притисокот врз Бензема.