Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор на Милан, Паоли Малдини ги израдува навивачите пред дербитор против Јувентус на „Сан Сиро“, кое заврши без голови (0-0).
Малдини им кажа на новинарите дека Тео Ернандез во следните денови ќе потпише нов договор и така ќе остане во екипата од Милано.
„Ернандез во следните денови ќе го продолжи договорот. Се договоривме, само треба да потпишеме“, кажа Малдини.
Одличниот француски бек ќе потпише договор на пет години и тој во моментов е еден од најважните играчи на третопласираниот тим во Серија А.
Ернандез пристигна од Реал Мадрид во 2019 година за само 15 милиони евра, а за „росонерите“ сезонава постигна четири голови и пет асистенции на 18 натпревари.