Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доаѓањето на нови сопственици во Милан, носи и нови промени во тимот особено во управувачката структура на тимот.
Кинезите планираат големи измени на директорските позиции во тимот, а еден од кандидатите за напуштање на Сан Сиро е човекот кој во Милан е веќе долго време, тоа е Адријано Галијани.
Цели 30 години Галијани е десната рака на Берло и помага за купување на играчи, но сега веројатно реши да биде директор на Серија А, како што и шпекулираат тамошните медиуми.
Неговата функција спортски директор веројатно ќе ја заземе легендата на Милан, Паоло Малдини.
Легендата Малдини со играње прекина во 2009 година, а носејќи го црвено црниот дрес освои дури 26 трофеи.
Милан веќе со години има епизодна улога во Серија А, Европа не ја ни сонуваат, но сега со новите газди светна и ново сонце за Милан, промени се на повидок, се очекува ренесанса на Сан Сиро.