Малдини го запрел Газидис во намерата да ги убеди фудбалерите да играат во Суперлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Милан сигурно се прашуваа каде бил Паоло Малдини кога клубот прифати да стане еден од учесниците во Суперлигата. Спортскиот директор набрзо го реши тоа прашање и откри што се случувало во Милано, а притоа им се извини на навивачите.

Малдини, како и цела Европа, дозна во недела дека се планира Суперлига, но тоа не го спречило следното утро да му застане на патот на извршниот директор Иван Газидис во намерата да ги убеди фудбалерите да настапат во Суперлигата.

„Фактот дека не ми кажаа што се случува, не ме ослободува од одговорноста да им се извинам на навивачите, и тоа не само тие на Милан, туку на сите во светот. Секако, директор на голем клуб во 2021 година знае дека приходите се важни и дека гарантираат стабилност, па затоа мора да се прашаме дали може да извлечеме поука од оваа ситуација“, кажа Малдини.