Малдини оздраве од вирусот, па отиде во теретана: По десет минути не можев да дишам…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот италијански фудаблер Паоло Малдини успешно се рехабилитира од коронавирусот, па доби дозвола да го напушти карантинот.

Докторите го советуваа Малдини и неговиот син што треба да прават, поради што не ги задржаа во болница, туку ги испратија во домашна изолација.

Малдини вчера учествуваше во видео-повик заедно со легендарните играчи Алесандро Дел Пиеро, Франческо Тоти и Хавиер Занети.

Иако Малдини има 52 години јасно е дека се наоѓа во одлична физичка форма, па за него голем шок било кога по само десет минути тренинг почуствувал замор.

„Заминав до тератана првпат откако оздравев од вирусот. По само десет минути тренинг не можев да дишам, немав воопшто сила, а тоа сигурно не е поради моите 52 години. Секогаш тренирав, а тоа што ми се случи во теретана е најдобар знак за тоа колку коронавирусот е опасен“, вели Малдини.