Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини доби ангажман на „Сан Сиро“ во август 2018. Најпрво презема улога на директор за стратешки развој, а потоа беше промовиран во технички директор каде што соработуваше со Звонимир Бобан.
Хрватот доби отказ поради контроверзно интервју, по што Малдини се разочара и тешко му падна тоа што Бобан бил отпуштен, поради што поставил ултиматум до управата.
Малдини јасно му порачал на раководството на клубот дека е подготвен да остане во Милан само под одредени услови, а тоа е дека ќе има гаранција за учество во трансферите на екипата.
Сепак, последната одлука ја има Милан, барем така тврди „Газета дело Спорт“.