Малдини потврди што ќе биде со Ибрахимовиќ по крајот на сезоната


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од првите луѓе во раководството на Милан, Паоло Малдини потврди што ќе се случи со Златан Ибрахимовиќ по крајот на сезоната.

Ибрахимовиќ потпиша само шестмесечен договор со „росонерите“, но сега Малдини потврди дека тој ќе остане повеќе на „Сан Сиро“.

38 годишниот играч има клаузула која автоматски ќе се активира по крајот на оваа сезона и која ќе го задржи Ибрахимовиќ и следната сезона во редвите на Милан.

Ибра досега има постигнато два погодоци откако се врати меѓу старото јато во јануарскиот преоден рок.