До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот фудбал се соочува со криза, а Паоло Малдини се појавува како клучен кандидат за водење реформи во сојузот.
По оставката на Габриелеа Гравина, фудбалскиот сојуз на Италија сака на тоа место да дојде легендата на Милан, Паоло Малдини.
Италијанскиот фудбал поминува низ досега најтежок период, по болното испаѓање во баражот за Светското првенство од БиХ, следеа бројни оставки.
Така, покрај претседателот на сојузот, оставки поднесоа и Џанлуиџи Буфон, како и Џенаро Гатузо на селекторското место.
Како водечки кандидат за водење реформи во италијанскиот фудбал, се појави името на Паоло Малдини, што го поддржува министерот за спорт Андреа Абоди.
.
















