Малер за Реал Мадрид: Зидан доби лоши вести за повредата на Родриго!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид дозна лоши вести по повредата на младиот фудбалер Родриго. Тој се повреди во мечот против Гранада и мораше да биде заменет, откако се фати за бутниот мускул, по што на носилки го изнесоа од теренот.

Резултатите од медицинските прегледи покажаа дека Родриго има сериозна повреда, односно има скинат бутен мускул на десната нога и според првите информации ќе мора да паузира три месеци.

Ова дефинитивно се лоши вести за Реал Мадрид и тренерот Зинедин Зидан, кој му даваше шанса на Родриго во екипата. Бразилецот одигра 17 меча и имаше еден гол и шест асистенции.