Малком заминува од Барселона и се сели во изненадувачки клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот Малком го обележа крајот на ланскиот преоден рок кога наместо на аеродромот во Рим слета во Барселона и потпиша договор со каталонскиот клуб.

Тоа испадна како погрешен чекор за младиот бразилски фудбалер кој сега, по само една година помината во Шпанија ќе си замине од клубот.

Како што пишува „Скај Италија“ Зенит и Барселона се многу блиску до договор за 22 годишниот фудбалер.

Спортскиот директор на Зенит, Хавиер Рибалта е во Шпанија каде преговара со првите луѓе на Барселона.