Малку му беше филм: Ибрахимовиќ ќе издава и книга!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шведскиот напаѓач и фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ наскоро полни 40 години, а поради тоа реши да издаде книга за својот живот во која ќе открие многу непознати детали.

Ибрахимовиќ кажа дека јавноста знае веќе некои работи за неговиот живот, но сега планира да открие уште повеќе.

„Сум зборувал за моето минато, но оваа книга ќе ви ги раскаже и другите детали. Ако ви се допаѓа Ибрахимовиќ од Сан Ремо, тогаш ќе го пронајдете тука. Постојат моменти кои досега не сте ги знаеле. Со еден клуб потпишав и раскинав во ист ден. А ако не се случеше тоа, можеби никогаш немаше да стигнам до Милан“, вели Ибрахимовиќ.

Филмот на Ибрахимовиќ ќе биде објавен наскоро, а трејлерот за „Јас сум Златан“ може да се пронајде и на профилот на Инстаграм на шведскиот фудбалер.