Манасков ги скинал лигаментите – нема да настапи на ЕП за Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот ракометар Дејан Манасков заработил потешка повреда и сега го чека долга пауза. Репрезентативецот ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, а информацијата ја објави унгарскиот гигант Веспрем.

Манасков заработи повреда во понеделникот во завршницата на мечот против Фехер БАЛ Веспрем, а на медицинските прегледи било откриено дека станува збор за скинати лигаменти.

Се претпоставува дека ќе паузира околу шест месеци, а тоа значи дека Македонија нема да може да смета на неговите услуги за Европското првенство во Словачка и Унгарија, кое ќе се одржи во јануари следната година.