Манасков ќе ја продолжи кариерата во Динамо Букурешт!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков од следната сезона најверојатно ќе игра за Динамо Букурешт, откако ќе го напушти Веспрем на крајот на оваа сезона.

Медиумите од Романија објавија дека Динамо Букурешт сериозно ќе се засилува ова лето, а македонското крило треба да биде еден од новите ракометари на тимот.

Манасков сезонава не играше премногу за Веспрем поради тешка повреда, а унгарскиот гигант го напушта по пет сезони.

Македонецот претходно играше за Металург, Вецлар, Вардар и Рајн-Некар Левен.