Манасков: Не можевме да направиме ништо против одбраната на Австрија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австрија успеа да слави против Македонија со 32-28 и така ни ги одзема шансите за пласман во следната фаза на ракометното Европско првенство (ЕП).

Ракометарите беа разочарани по денешниот пораз од еден од домаќините, а Дејан Манасков едвај кажа неколку збора по катастрофалниот резултат.

„Немавме решение за одбраната на Австрија. Им подаривме многу топки, а промашивме и многу шанси. Одиме понатаму, тоа е…“, кажа Манасков.